Дачиќ: Во Србија има најмногу бегалци во Европа

Од:

Србија е државата со најмногу бегалци и интерно раселени лица во Европа, заради што има потреба од меѓународна помош, оцени денеска министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ на 65. заседание на Извршниот комитет на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци во Женева.

Дачиќ изјави дека во текот на конфликатот во поранешна Југославија им било дадено засолниште на повеќе од 500.000 бегалци од Хрватска и БиХ, како и на 220.000 интерно раселени лица од Косово.

-Како земја со најголем број бегалци и интерно раселени лица во долготрајното раселување во Европа, Србија добро ги разбира потребите на најзагрозените и дека тие се најмногу заинтересирани да дојде до трајни и оддржливи решенија, врз основа на Конвенциите за статусот на бегалците, наведе Дачиќ, а соопшти Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија