Дачиќ во обрана на коалицискиот партнер: СНС не стои зад валканата кампања против мене

Од:

Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека зад валканата кампања за негова дискредитација не стои неговиот коалицискиот партнер – Српската напредна партија (СНС).

Како што јави Танјуг, Дачиќ рекол дека со лидерот на СНС, заменик-премиерот и министер за одбрана Александар Вучиќ работи „во целосна согласност“.

– Ова е напад врз единството на Владата и обид на одредени сили да предизвикаат вонредни избори во момент кога пред Владата стојат многу важни прашања. Ние веруваме дека СНС е кредибилен парнер и сакам да нагласам дека постои единство во рамките на Владата, рече Дачиќ.

Со ваквите изјави Дачиќ се огради од вчерашните тврдења на негов близок соработник и член на раководството на неговата Социјалистичката партија на Србија (СПС), кој ја обвини СНС дека започнала медиумска кампања за дискредитирање на премиерот.

Според соработникот на Дачиќ, целта на ваквата кампања е да се испровоцираат предвремени парламентарни избори на кои СНС дополнително би ја зацврстила својата позиција.

Обвинувања за обид за дискредитација на Дачиќ, дојдоа откако весникот „Информер“ и влијателната телевизија Б92 објавија податоци од тајни полициски извештаи за наводни средби на Дачиќ со нарко-босот Родољуб Радуловиќ во 2008 година, кога актулениот премиер беше министер за внатрешни работи.

Според „Информер“, соработници на Дачиќ не негираат дека тој се сретнал со Радуловиќ, но тврдат дека тој тогаш не занел оти неговиот соговорник е поврзан со шверц со наркотици.

Б92 пак јави дека полцијата поседува 130 дискови со матреријали од истрагата кои ги потврдуваат врските на Дачиќ и негови соработници со Радуловиќ, но и со наркобосот Дарко Шариќ.

Радуловиќ и Шариќ, кои се наоѓаат во бегство, се обвинети за поврзаност со запленетите два тони кокаин во 2009 година, кои биле прошверцувани од Јужна Америка во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари