Дачиќ тврди дека на Вучиќ му се заканува „обединет одговор“ од српската и црногорската мафија

Од:

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се заканува „обединет одговор“ од црногорската и српската мафија затоа што се бори против организираниот криминал. Со такво тврдење денеска се огласи претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ во изјава за локални медиуми.

– Во услови кога Србија удира во мафијата и криминалот, логично е одговорот да биде обединет, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Коментирајќи ги наводите на провладините таблоиди дека руските тајни служби го предупредиле претседателот на Србија за атентат, Дачиќ рече дека такво нешто не е изненадувачки затоа што на Вучиќ му се закануваа и луѓе што ги создал политички и кои добиле важни позиции во јавноста администрација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ