Дачиќ: Светски центри на моќ заиграа околу балканските граници

Од:

Светските центри на моќ заиграа кога помислија дека е можно прекројување на границите на Балканот, бидејќи овој дел се уште не е дел од ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за рускиот весник „Известија“.

Според Дачиќ тоа е еден од најсветлите примери на двојни стандарди и лицемерие на светската политика. Тој додаде дека Белград останува приврзаник на европските принципи и демократија, но дека нема да ја жртвува својата независност.

– Ќе продолжиме да се бориме за својата иднина, ќе соработуваме со нашите соседи и ќе се обидеме да го решиме проблемот, рече Дачиќ.

На прашањето дали Србија ќе воведе санкции против Русија на барање на западот, Дачиќ рече дека со Србија сака да одржува сеопфатна соработка и пријателски односи во политичка и економска област, како и во науката, културата, образованието, одбраната, безбедноста и воената структура.

– Ќе го продолжиме тоа и во иднина. Србија ќе остане доследна во својата политика и нема да се приклучи кон европски анти-руски санкции. Ние се надеваме и на укинување на сакнции кон Русија, истакна Дачиќ.

Српскиот министер додаде дека Србија се соочува со последиците од своите одлуки.

– Србија сака во ЕУ, но никогаш нема да одиме против сопствените национални интереси и никогаш нема да воведеме санкции против пријатели, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога