Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека ја почитува политиката на САД , но и дека Србија има своја политика во однос на прашањето за членство на Косово во Обединетите нации.
– Се што можам да кажам е дека за нас како мала земја не е лесно да се пружи одговор на она што го кажа Кирби, се што можам на тоа да кажам и да одговорам е дека Србија има своја политика. Ние ја почитуваме политиката на САД, тие се светска велесила, но ние имаме своја политика и се држиме до неа, рече Вучиќ
Тој исто така изјави дека ставот на амбасадорот Кирби не е голема новост потсетувајќи дека САД го признале Косово уште во 2008 година.
Нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина претставува членство на Косово во ОН, изјави вчера амбасадорот на САД во Србија Мајкл Кирби.