Дачиќ: Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази уверување дека Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ, како и очекувањето оти тоа ќе се случи што побрзо.

– Сакаме Србија да стане членка на ЕУ што е можно побрзо. Уверени сме дека Србија ќе биде следна, 29-та членка на ЕУ, бидејќи веруваме оти тоа е потребно и на Србија и на ЕУ, рече Дачиќ во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој изрази очекување дека Србија ќе биде примена во следните десет години. На прашањето како го гледа решението за проблемот со Косово, Дачиќ призна дека не е лесно да се најде решение за Косово, особено, како што рече, во оваа фаза кога работите „отишле предалеку“.

– Многу подобро и поправично решение можеше да се најде порано, со што ќе ја избегневме војната и напнатоста во регионот. Тоа, меѓутоа, не е дел од нашиот актуелен дијалог, рече Дачиќ.

– Би сакале односите да бидат нормализирани и да постигнеме конечно решение, рече тој и додаде дека Србија не може и не сака да ги внесе своите проблеми во ЕУ.

– Тоа е една од причините поради кои водиме отворен дијалог со Приштина за да ги нормализираме односите и да ги решиме проблемите пред приемот во ЕУ. Но тоа не значи промена на политиката кога се работи за признавање на независноста на Косово, истакна Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија