Дачиќ: Сирија за нас е болно и тешко прашање

Од:

Србија ја осудува употребата на хемиското оружје во Сирија, истакна денес српскиот премиер, Ивица Дачиќ.

-Сирија за нас е болно, специфично и тешко прашање- изјави тој по разговорот со грчкиот министер за јавен ред и заштита на граѓаните, Николаос Дендијас и додаде дека одлуката за тоа што треба да се направи со Сирија треба да ја донесе Советот за безбедност на ОН.

Дачиќ нагласи дека треба да се најде решение со кое што ќе се избегне воена интервенција.

-Што се однесува до европските држави, тие се обврзани со меѓународни договори да ја осудат употребата на хемиско оружје, а особено против невооружени цивили – изјави грчкиот министер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани