Дачиќ: Приштина отиде во сферата на политичко лудило

Од:

Воведувањето на такси од 100 отсто е доказ дека нема рационална и разумна политика во Приштина и дека е отидено во сферата на „политичка лудост”, изјави денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Тој наведе да „Србија не сака да слуша“ дека со дипломатската активност го има „предизвикано“ Косово, што резултираше со зголемување на увозните такси за 100 отсто.

– Овде не станува збор дека некој сака на Србија да и направи нешто, туку тие сакаат да го загрозат регионалниот мир и стабилноста. Ние ќе ги браниме нашите национални и државни интереси. Русија тука секако дека може да помогне, бидејќи Русија и Кина се гаранција дека ОН нема да извршат ревизија на резолуцијата 1244, но ние би сакале тоа да биде заеднички пристап на Советот за безбедност на ОН, рече Дачиќ.

Тој додаде дека воведувањето на увозни такси се коси со сите договори постигнати во Брисел и оти тоа претставува прашање за меѓународната заедница и Европската унија, а спомена и дека министерот за трговија Ендрит Шаља и премиерот на Албанија Еди Рама на Фејсбук, имаат ставено заедничка слика со натписот „100% “.

– Некои западни земји „имаат породено” политички монструм во Приштина. Време е да ги ограничат. Пуштете ги приказните да „тие не сакаат да слушаат” – па кого ќе слушаат тогаш? Тие сега говорат за некакво бришење на границите меѓу Албанија и Косово, за укинување на царината, граничните полиции … Ако навистина Европа не гледа за што станува збор и колку е ова големо лицемерие, јас не знам дали има поента да учествуваме на разни собири за регионалната соработка, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне