Дачиќ: Претседателот Вучиќ „на брутален начин“ ја одбил точката десет за признавање на Косово

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека добил информација од делегацијата која учествува на состанокот во Вашингтон дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „на брутален начин“ ја одбил точката десет која се однесува на меѓусебното признавање на Белград и Приштина.

„Вучиќ на соговорниците им дал до знаење дека таквото меѓусебно признавање е апсолутно неприфатливо“, рече Дачиќ.

Како што објасни српскиот министер, точката десет никогаш претходно не била презентирана во преговорите, според него, српската делегација била запозната само со плановите за економски развој.

„Претседателот неколкупати кажа дека ние сакаме компромис, но тие мислат дека ние го признаваме Косово, несомнено е дека Америка се обидува да дојде до некакво решение“, додаде Дачиќ.

Српските власти го нарекоа документот понуден на преговорите „ултиматум“

Вучиќ за вечерва најави вонредно обраќање пред српската јавност од Вашингтон, преку кое ќе сподели нови детали од разговорите.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Не е точно дека Вучиќ и наредил на полицијата да употреби сила за да ја деблокира зградата на РТС

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор