Дачиќ очекува планот за имплементација на биде следната недела

Од:

Премиерот и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес изјави дека доколку Србија сака да добие датум, мора да постигне некој договор за имплементација.

Дачиќ очекува планот да биде договорен наредната недела.

-Ако сакаме да добиеме датум, мора да има некој договор за имплементација. Никој не очекува тоа да се направи во наредните 15 дена, но треба да се постигне некој план за тоа кога ќе биде имплементирано и на кој начин-истакна тој.

Според него желба на Србија е да се постигне договорот и смета дека не би било добро по потпишувањето на решението во Брисел, сега да не може да се направи план за имплементација.

-Јас сум реален човек и знам дека постојат проблеми и дека во работните групи е тешко да се донесат одлуки и дека е полесно некој од врвот да донесе одлука. Така ќе биде и овој пат-додаде Дачиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија