Дачиќ: Никој во Србија не прифати разговор за статусот на Косово

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека никој од Владата на Србија никогаш не прифатил во дијалогот меѓу Белград и Приштина да се разговара за признавање на независноста на Косово.

Како што јави Танјуг, коментирајќи ги најавите на косовската министерска за дијалог Едита Тахири дека Приштина ќе побара во рамки на дијалогот со Белград да се разговара за уште четири теми, меѓу кои и признавањето на косовската независност, Дачиќ изјави дека Србија нема да отстапи од своите „црвени линии“.

– Сите тие барањаа се празни приказни. Тие мора да закачат нешто на огласната табла во косовското Собрание. Тоа е локално безобразие кое се користи за смирување на некои политички духови во Приштина, изјави Дачиќ за телевизијата Пинк.

Според Дачиќ, сепак добро е што во јавноста се изнесени ваквите барања на Приштина, за „да можат луѓето да видат со што се соочува српската делегација додека преговара“.

Тој нагласи дека во текот на преговорите Тахири често „започнувала приказна за геноцид, воена отштета, разграничување, признавање на Косово и слични работи“.

– Но, никој од нас не прифатил да разговара за тоа, ниту пак ќе разговараме. Со резолуцијата на Генералното собрание на ОН дијалогот е префрлен на ниво на ЕУ, но стаусот е неутрален и никаде не е неведно што би требало да направие. Тоа некои земји сега ги прави нервозини, изјави Дачиќ.

Тој нагласи дека тоа што пет од 28-те земји членки на ЕИ се уште не го признаа Косово како незавсина држава, докажува дека не постои единствен европски став околу косовското прашање.

– Ние го поддржуваме дијалогот со Приштина, но некој сака да ја злоупотреби нашата конструктивност и да направи нешто што не може без наше присуство, порача Дачиќ.

Тој нагалси дека Србија никогаш нема да се согласи на прием на Косово во ОН, бидејќи, како што рече, тоа не е „некоја аптекарска организација, туку организација која влијае на статусни прашања“.

Би можело да ве интересира

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина