Дачиќ: Најбрзо и најправедно решение e да се знае што е српско, а што албанско

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија генерално треба да продолжи со сегашните ненасилни методи на борба на Косово, бидејќи тие се „најсмртоносните“, а меѓународната заедница најмногу ја боли тоа што Србите не се во косовските институции, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ во гостувањето на телевизија Хепи рече дека сега се поставува прашање дали властите во Приштина ќе пронајдат некои свои „свои“ Срби, за да ги стават во институциите, како што тоа го правеше Србија со Албанците во 1990-тите, но тие луѓе немаа и нема да имаат поддршка од својот народ.

Говорејќи за решението на косовскиот проблем, Дачиќ истакна дека единственото нешто што мисли дека е реално е да се прифати фактичката состојба на терен – да се знае што е српско, а што албанско.

Според него, главни виновници за нерешавањето на проблемот се оние кои не прифаќаат и не разбираат дека тоа е најбрзата и најправедната одлука.

Дачиќ истакна дека Србија го почитува Вашингтонскиот договор исто како што го почитува и Косово, кое го прекрши барајќи прием во Советот на Европа.

-Ќе им вратиме не со иста мерка, туку десеткратно повеќе, рече Дачиќ и додаде дека Србија работи на повлекување на признавањето, како и на тоа некои земји да го променат ставот.

Дачиќ изјави дека Србија не може да воведе санкции кон Русија и Кина бидејќи со тоа не добива нови пријатели и може да ги загуби старите.

-Ќе беше сосема поинаку ако ние на Запад имавме разбирање. Ако кажете: САД, Франција, Велика Британија како постојани членки на Советот за безбедност ќе ги имаат предвид нашите интереси, нема да го турнат Косово во Обединетите нации и се друго, слушнавте и што вели Турција, дека нема да престанат, рече Дачиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Дачиќ: Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребереница за геноцид

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Наместо во омраза, Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Курти постојано подметнува пожари, Србите на северот на Косово нема да останат без поддршката од својата земја