Дачиќ: Може да има парада, ако нема закани за опасност

Од:

Српскиот премиер и прв полицаец Ивица Дачиќ изјави дека може да се одржи Парадата на гордоста, доколку нема опасност повторно да дојде до проблеми.

– Државата ќе се бори против тоа – истакна Дачиќ.

Тој вели дека никој не смее и не треба, на тие кои одат на Парадата, да им наметнува систем на вредности.

Според премиерот, асоцијациите можат да го подготвуваат собирот, а 24 часа пред настанот, можат д се проверат мерките на безбедност и дали се тие запазени.

– Тоа што се мора, и тоа што е предвидено со законот и Уставот, може за тоа да се дискутира, но немојте да ми држите лекции и предавања како тоа е наша обврска. Тоа не е обврска, и не постои ниту во земјите во ЕУ – изјави Дачиќ.

Според него, нема ништо против одржување на Парадата, но тоа не треба да се наметнува како систем на вредности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски