Дачиќ: Курти политички преживува поради инциденти, добро e враќањето на дијалогот

Од:

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти „има своја динамика, агенда и политички преживува на инциденти“, истакнувајќи дека е добро што спорот околу регистарските таблички „се врати во дијалог“.

– Курти постојано планира еднострани акции. Мораме да задржиме ладна глава, способност да не реагираме како што прво ни паѓа на ум во такви ситуации, емотивно, изјави Дачиќ.

Тој рече дека во Србија „има луѓе кои се обидуваат да се занимаваат со политика и постојано ги поттикнуваат луѓето на власт, пред се Александар Вучиќ, во стилот на она – што чекате, зошто војската не влегува во Косово, што ова, што тоа, заедно со тезата – Русија ќе ни помогне“.

– Можам да кажам една сигурна работа – никаква воена помош нема да има. Тоа никогаш не се случило и никогаш нема да се случи. Тоа не е реално. Можеме да имаме голема политичка поддршка, но не е реално дека некој воено ќе се ангажира, рече Дачиќ.

Тој додаде дека за „некој воено да се ангажира, мора да дојде до вас“.

– Па, ние не можевме да донесеме некои работи што ги купивме, бидејќи нема да ни дадат дозвола за прелети или превоз на оружје, изјави Дачиќ.

Зборувајќи за воената акција, тој оцени дека тоа е „крајно решение за не дај Боже, доколку се направи обид за погром на Србите или воено освојување на северот на Косово“.

Дачиќ оцени дека Курти „ги иритира сите во Европската унија во моментов“ и порача да не се „двоумат да му ги извлечат ушите“.

Би можело да ве интересира

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Дачиќ: Спасувачите се обидуваат да извлечат жена и девојче