Дачиќ: Идејата за разграничување не е ставена на страна, напротив

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека идејата за разграничување меѓу Србите и Албанците, која може да подразбира и промена на границите, „не е оставена по страна“, туку преставува „единствена конкретна иницијатива во оптек“.

Дачиќ во интервјуто за весникот „Блиц“ рече дека „статус квото е невозможна состојба“, која би резултирала со исчезнувањето на Србите од Косово и одземање на српското верско и културно наследство на Косово.

– Идејата за разграничување не е ставена по страна, напротив. Една од последните потврди за тоа стигна од командантот на КФОР-Салваторе Куочи, кој рече дека границата меѓу Србија и Косово не постои и дека тоа што се подразбира дека е граница, ќе се одреди само преку договор и дијалогот на Белград и Приштина, кажа Дачиќ.

По повод најавите за нова конференција на која може да се најде решение за односите меѓу Белград и Приштина, Дачиќ за српски „Курир“ наведе дека е помалку важно дали договорот Белград-Приштина ќе биде потврден на меѓународна конференција или во некој друг формат.

– Се надевам и целта ни е да дојдеме до меѓународна конференција, но уште поважно е за компромисот за Косово да добиеме потврда и гаранции од највлијателните светски фактори. Ова е неопходно за договорот да се примени и почитува, не поради нас, туку поради Приштина која безброј пати го прекрши договореното, истакна шефот на српската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија