Дачиќ и Тачи на седница на Советот за безбедност

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ отпатува од Брисел за Њујорк, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, како член на делегацијата на Србија, која ја предводи премиерот Ивица Дачиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Седницата е закажана за денес, а ќе присуствува и премиерот на Косово, Хашим Тачи, при што генералниот секретар на светската организација Бан Ки Мун, ќе поднесе редовен тримесечен извештај.

Тачи и Дачиќ заминуваат од Њујорк за Брисел, каде што вчера се одржа седма рунда од дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

По разговорите со посредникот, високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, договор се уште не е постигнат, но е оценето дека има напредок.

Ештон истакна дека очекува да се најде решение, на завршниот состанок на 2-ри април.

Тачи изјави дека наредните денови очекува решение за нормализација на односите на Србија и Косово, пред се во Косовска Митровица, а пак Дачиќ нагласи деке се уште постојат разлики и не може да каже дека договорот е близу, ниту пак далеку.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ