Дачиќ: Белград има потреба од поддршката на Русија и Кина за решавање на косовското прашање

Од:

Србија има потреба од поддршка на Русија, Кина и други големи држави за решавање на косовското прашање, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ и додаде дека таа поддршка за заснова на принципот на меѓународното право и вистината.

Дачиќ во писмена изјава нагласува дека имал разговори во Њујорк со раководителот на руската мисија во Обединетите нации Вилатиј Чуркин, при што му се заблагодарил за поддршката што Русија и ја дава на Србија.

Српскиот премиер истакна дека Србија не може да се согласи Косово да влезе во Обединетите нации.

Руската федерација ја поддржува конструктивно Србија во обидите за пронаоѓање на праведно решение и обезбедување траен мир во регионот и опстанокот на српскиот народ, изјави Дачиќ и додаде дека ставот на Белград во однос на влегувањето на Косово во ОН никогаш нема да се промени.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија