Црногорски морнари уапсени во Австралија: Осомничени се за шверц на 850 килограми кокаин

Од:

Двајца црногорски морнари се обвинети за вмешаност во шверц на 849,5 килограми кокаин во Западна Австралија.

Тамошните обвинители тврдат дека црногорските државјани знаеле дека кокаинот е скриен на бродот „СТ Пино“ и дека планирале да го фрлат на брегот на Фремантел за да го подигне друга група.

Капетанот на товарниот брод (43) и главниот инженер (39) денеска ќе се појават пред судот во Перт, а како што пишува австралиски The West станува збор за капетанот М.Б и инженерот Р.В..

Капетанот наводно им наредил на другите членови на екипажот да го сменат правецот на бродот додека се приближувал до пристаништето, за да се сретнат со друг брод, пишува на официјалната веб-страница на австралиската федерална полиција (AFP). Се наведува и дека размената пропаднала.

Морнарите потоа, наводно, се обиделе да ја сокријат дрогата наполнувајќи го со вода резервоарот за баласт во кој била скриена дрогата.

Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува максимална казна доживотен затвор.

Вредноста на запленетиот кокаин на црниот пазар се проценува на околу 375 милиони австралиски долари.

Најмалку осум до десет членови на екипажот се црногорски државјани.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари