Црногорски бизнисмен со нови снимки за наводна корупција во Обвинителството

Од:

Пребегнатиот црногорски бизнисмен Душко Кнежевиќ објави снимка на која наводно разговара со секретарот на Врховното државно обвинителство Ненад Вујошевиќ кој тврди дека главниот специјален обвинител Миливоје Катиќ му ветил дека ќе го пушти на слободат кумот на Кнежевиќ.

Мажот на снимката тврди дека се состанал со главниот специјален обвинител и на Кнежевиќ му гарантира дека неговиот кум Дејан Секулиќ уапсен во август, ќе биде пуштен на слобода „в понеделник“. Мажот на снимката го моли да не објавува снимки и дека му гарантира дека Секулиќ ќе биде пуштен.

Тоа е втора снимка доставена од Кнежевиќ во изминатите неколку денови што се однесува на корупција во врвот на судството, јави Бета.

Во претходната снимка наводно Вујошевиќ тврди дека пари предал на врховниот обвинител Ивица Станковиќ. Обвинителството соопшти дека го сомничи Вујошевиќ дека е дел од криминална група што ја формирал Кнежевиќ, и не постои сомневање дека Станковиќ земал пари.

Вујошевиќ ја напушти Црна Гора на 13 септември и не се знае дали побегнал или е на лекување или одмор. Против Кнежевиќ се водат повеќе истраги на Специјалното обвинителство – за затајување данок, перење пари и злоупотреба на службена должност.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата