Црна Гора летово ќе ги отвори границите за туристите, вели првиот човек на тамошните туроператори

Од:

Претседателот на Асоцијацијата на туристички агенции на Црна Гора Орхан Хоџиќ вели дека добро тоа што, за разлика од минатата година, границите ќе бидат отворени за туристите, затоа што тоа, како што вели, ќе им овозможи бар на соседите да дојдат на Јадранот.

Тој вели дека одамна немало толку големо интересирање од руските туристи за посета на Црна Гора, но вели дека проблем се авионските врски.

„Ниту една од авиокомпаниите кои најавуваат дека ќе летаат, нема да имаат капацитети колкави што нам ни требаат. Цените на летовите се високи и се движат од 600 до 1.000 евра,“ рече Хоџиќ во гостување на црногорскиот национален сервис.

Тој додава дека туроператорите се сепак во тешка ситуација, затоа што во моментов никој не може да се пофали дека има договорени аранжмани за претстојното лето.

„Летото е пред нас и ништо не се случува, начелни ветувања и планови има, но агенциите, превозниците, хотелиерите, се уште немаат никакви договори,“ вели Хаџиќ.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“