Црна Гора ќе стане членка на НАТО на пролет следната година

Од:

Процесот на формализација на членството на Црна Гора во НАТО тече лесно и природно поради што земјата ќе стане членка на Алијансата на пролет следната година, изјави денеска во Подгорица заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готелмер. 

– Нема причина членството на Црна Гора во НАТО да не се формализира следната година, истакна Готелмер, во одговор на прашањето за датумот кога земјата ќе стане член на Алијансата. 

Таа укажа дека НАТО не е само организација која се занимава со безбедносните ситуации, туку и помага во природните непогоди. 

– Кога и да има земјата тешкотии од ваква природа, НАТО членките се тука да и помогнат, порача Готелмер, при завршувањето на меѓународните теренски вежби „Црна Гора 2016“. 

Генералниот директор на Директоратот за вонредни ситуации, Мирсад Мулиќ нагласи дека присуството на 17 тимови на вежбите ја потврдува довербата која НАТО ја има во Црна Гора. 

– Сигурен сум дека ја оправдавме довербата, наведе Мулиќ. 

На вежбите учествуваа 17 спасувачки тимови од седум држави членки на НАТО и десет партнерски држави, а вкупно имаше 680 учесници.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он