Ципрас: Самарас уште пред 20 години згреши за прашањето за името

Од:

Бевме во право за македонското прашање кога предлагавме да се прифати пакетот „Пинеиро“ за сложено име со географска одредница, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас.

Во интервју за телевизијата „Стар“, Ципрас рече дека ако грчките политичари ја послушале Сириза уште пред 20 години, спорот за името досега ќе бил решен и тоа под условите на Грција, односно сложено име со географска одредница.

– Оној кој се покажа дека не е во право е премиерот Андонис Самарас, кој тогаш беше министер за надворешни работи. Ние уште тогаш предлагавме да се прифати пакетот „Пинеиро“ и ако го направевме тоа, спорот веќе ќе беше решен. Сега Грција го бара овој пакет, односно сложено име со географска одредница, а соседната земја не го прифаќа, рече Ципрас.

Според него, Самарас е причината поради која Грција наместо да биде во поволна позиција, две децении е во незгодна ситуација околу прашањето за името. Во контекст на ова, лидерот на Сириза повтори дека многу држави ја признаа нашата земја под уставното име, што не им одговара на грчките барања.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски