Ципрас: Посетата на Москва нова фаза во односите

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас оцени денеска дека неговата утрешна посета на Москва ќе овозможи по „сибирската зима“ во односите меѓу двете држави, да се постави нова основа и да се поттикне развојот на соработката.

Ципрас утре во Москва ќе разговара со претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев, рускиот патријарх Кирил, а ќе одржи и предавање на Московскиот универзитет.

– Посетата е можност односите повторно да се рестартираат, да им се даде нов поттик. Односите меѓу Грција и Русија имат длабоки корени во историјата, а се создадени низ заедничката борба на нашиот народ, изјави Ципрас во интервју за ТАСС.

Според него, изминатите години односите меѓу двете земји биле замрзнати.

– Не знам дали тоа наликува на сибирска зима, но сепак тоа беше зима во односите и сега настапува пролет. Должни сме тоа да го поддржиме со цел реален развој на нашите односи, додаде тој.

Ципрас оцени дека двете земји се наоѓаат во тензична геополитичка ситуација, имаат заеднички предизвици и треба да согледаат како да се носат со нив.

– Потребно е да се согледа како соработката меѓу Грција и Русија може да биде конструктивна, бидејќи Грција како држава-членка на ЕУ може да биде мост, кој ќе ги поврзе Западот и Русија, нагласи грчкиот премиер.

Ципрас додаде дека Грција не се согласува со санкциите, кои Западот ги воведе кон Русија и смета дека „тој пат не води никаде“.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето