Циодрас: Сѐ уште е рано да говориме за тоа како ќе функционира туризмот

Од:

Мислам дека сѐ уште е рано да говориме за туризмот и како ќе функционира туризмот, можеби до крајот на мај ќе имаме повеќе научни податоци за јасно да кажеме што би можело да се користи како критериум за патување од една во друга земја, рече претставникот на Министерството за здравство на Грција надлежен за Ковид-19, професорот Сотирис Циодрас на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање за надворешниот туризам и критериумите за патување, тој објасни дека во овој момент постои неизвесност за конкретното прашање, кое го разгледува и надлежната експертска комисија во Министерството за здравство на Грција, но не постојат доволно научни податоци.

-Рано е со сигурност да одговориме што е правилно и кој критериум би можел да се користи за да се дозволи контролиран влез и излез од земја од Европската унија. Не е нешто видливо, барем не во следниот месец. Можеби до крајот на мај ќе имаме повеќе научни податоци за јасно да кажеме што би можело да се користи како критериум, рече Циодрас.

Објасни дека единствен податок од првата фаза на епидемијата е она што некои земји го користеа за патување на граѓаните, односно барањето, оние кои патуваат да имаат потврда за негативен тест и задолжителен 14-дневен карантин, карантин што како што истакна Циодрас, не е изводлив за туристите.

Паралелно додаде дека и во СЗО има недостиг на податоци во однос на тоа што значи имун на вирусот.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица