САД уште во 1993 година ја разгледувале можност за бомбардирање на Србија. Нападите на воени цели на територијата на Србија се споменуваат во еден до неодамна таен докумен на ЦИА, како последна можност против создавање „Голема Србија“.
Во анализата „Србија“: Балкански кавгаџија за 90-ите“ во чие создавање учествувале службеници на ЦИА, Стејт департментот, ДИА и Министерството за одбрана на САД, а е создадена во крајот на јануари 1993 година, се наведуваат низа мерки кои треба да се преземат против наводните амбиции за создавање „Голема Србија“. На самиот врв се големи санкции против Србија и нејзината политичка изолација, а следат прилози како создавање безбедносна зона во БиХ за Бошњаците, вооружување на Босна и Хрватска, воздушни напади во Босна и можеби “закани и преземања воздушни напади против воените цели во Србија“.
-Нашата анализа покажува дека Голема Србија ќе биде чест извор на наволји на Балканот во голем дел од деценијата-стои во документот.
„Голема Србија“ веројатно ќе предизвика проблеми во соседните држави, ќе започне етничко чистење на Косово и ќе стекне оружје за масовно уништување, како хемиското. Таа веројатно нема да се двоуми да користи сила со низок интензитет надвор од своите граници и ќе се обиде да управува со македонската влада, како и да заземе територии кои што не се населени со Срби во Босна или Хрватска, особено во близина на Јадранското море.
Во речиси сите документи на ЦИА од овој период како главна цел се наведува уривањето на режимот на Милошевиќ, а економската ситуација и животните услови во државата се разгледуваат единствено во тој контекс. Се констатира дека за постигнување на целта „економските и политичките услови во Србија мора да поткопаат далеку под сегашното ниво (1993 година)“, за да приврзаниците на Милошевиќ се свртат против него и го симнат од власт.
-Претпоставуваме дека националистите, војската и полицијата ќе му дадат поддршка на Милошевиќ наспроти, ефикасното ембарго, тешките услови за работниците и суровата хиперинфлација. Само доколку се оствари ова и Србија претрпи значајни територијални загуби, во Хрватска и Босна, националистите и војската ќе го урнат режимот на Милошевиќ. Но доколку и тој замине, националистите се уште ќе останат доминантни играчи во Белград. Србија и понатаму би била одлучна да го подржи создавањето на етнички чиста Голема Србија. Косовските Албанци тогаш би можеле да бидат поштедени од етничката чистка, доколку заменикот на Милошевиќ биде послаб од него.
Елена Георгиевска