Читаку: Можно е да се доведат во опасност досега постигнатите договори со Белград

Од:

Косовската Влада ја предупреди ЕУ дека ако до почетокот на следната недела Србија не го прифати предлогот од Брисел за Заедницата на српските општини во Косово, тоа може да ја загрози имплементацијата на досега постигнатите договори меѓу Приштина и Белград, изјави косовскиот министер за европска интеграција Влора Читаку за приштинскиот весник „Коха диторе“.

Таа наведе дека ако нема договор за српските општини приштинските власти ќе ги координираат работите со стратешките партнери – САД и Европската унија.

Читаку посочи дека постигнатите договори треба да продолжат да се применуваат без оглед на сегашните преговори за српските општини.

Српската Влада минатата недела го отфрли предлогот на ЕУ за моделот на Заедницата на српски општини во Косово со образложение дека тој е против интересите на косовските Срби.

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ