Четири жртви во судирите меѓу курдските борци и безбедносните сили во југоисточна Турција

Од:

Двајца турски граѓани, еден војник и еден полицаец се убиени во текот на последното деноноќие во судирите меѓу курдските бунтовници и турските сили за безбедност во југоисточна Турција, соопштија извори од безбедносните сили, цитирани од британските медиуми.

Мајка на три деца била убиена откако вчераутро граната случајно паднала во нејзиниот дом во Сур, во округот Дијарбекир, информираа неименувани извори доцна синоќа, пренесува БТА.

Маж бил убиен за време на престрелка во градот Силопи, во округот Дијарбекир. Неговата сопруга и негов роднина биле ранети откако се обиделе да излезат од нивниот дом, посочија изворите.

Припадник на специјалните полициски единици во Сур, каде е во сила полициски час, денеска е убиен, информира претставник на силите за безбедност.

Синоќа во бомбашки напад на борци на КПП во Сур убиен е турски војник, се наведува во соопштението на Генералштабот на турската армија, што денеска беше лиферувано.

Турската армија денеска соопшти дека од почетокот на операцијата во југоисточна Турција, на 14 декември, во градовите Силопи и Џизре биле убиени вкупно 225 борци на ПКК.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска