„Честитки Косово“, напиша албанскиот претседател Мета по одлуката за укинување на визите за Косово

Од:

Шефот на албанска држава Илир Мета ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за укинување на визите за Косово, оценувајќи го тоа како јасен сигнал за неговата европска перспектива.

„Честитки Косово! Ја поздравувам одлуката на ЕП да даде зелено светло за визна либерализација за Косово! Јасна порака за неговата европска перспектива! Огромна радост од оваа извонредна вест и големо постигнување за народот и државата Косово, која секојдневно расте и се зацврстува како фактор на мирот и стабилноста во регионот“, напиша Мета на фејсбук.

Одлуката на ЕП ја поздрави и лидерот на албанската најголема опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша.

-Ја поздравувам одлуката на ЕП за движење без визи на граѓаните на Косово во Европската унија. Со оваа одлука на граѓаните на Косово им се признава едно заслужено право и рамноправно достоинство во регионот. Гласањето во ЕП претставува јасна поддршка за Косово и неговата европска перспектива, оцени Баша.

И за лидерката на третата по голема партија во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција Моника Круемади, одлуката претставува извонредно добра вест за Косово и неговите граѓани и јасна порака за неговата европска перспектива.

– Косово со сите свои жртви требаше многу порано да се приклучи кон правото слободно да се движи и без бариери. Исто така, посакувам Советот на Европа што побрзо да ја усвои оваа препорака на Европскиот парламент за да го отвори патот за понатамошна соработка на нашиот регион со Европската унија.

Претходно, одлуката на ЕП ја поздрави и премиерот Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина