Чешка: Нема да ја повлечеме одлуката за признавање на Косово

Од:

Откако опозицискиот чешки пратеник побара земјата да ја повлече одлуката за признавање на Косово, Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека тоа нема да се случи.

Пратеникот Јарослав Фолдин, кој поднесе предлог за повлекување на одлуката, најави петиција кон крајот на минатиот месец кога во чешкиот парламент на дневен ред беше ратификацијата на договорот за избегнување двојно оданочување меѓу Чешка и Косово.

„Повлекување одлука за признавање држава во меѓународното право е вонсериски и исклучителен чекор. Во случајот со Косово нема причина за тоа. Исто така, Меѓународниот суд донесе пресуда според која декларацијата за независност на Косово беше во рамките на меѓународното право“, соопшти Министерството за надворешни работи на Чешка.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина