Чавушоглу: Анкара не поставува услови за разговори со Дамаск

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција не поставува предуслови за дијалог со Дамаск и оти преговорите со сириската Влада треба да се ориентираат кон крајната цел.

Агенциите сметаат дека неговите забелешки го одразуваат неодамнешното омекнување на ставот на Анкара кон владата на Башар ал Асад по повеќе од еднодецениската војна, во која Анкара ги поддржува бунтовниците кои се обидуваат да го соборат сирискиот претседател.

Чавушоглу потврди дијалог меѓу разузнавачките служби на Турција и Сирија, но ги демантираше информациите за претстојна средба меѓу турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган и Башар ел Асад, објави турската телевизија „Хабертурк“.

„Информациите не се точни. А Асад не е поканет таму“, рече турскиот министер во изјавата за телевизијата „ТВ Хабер Глобал“, во врска со медиумските извештаи за можен разговор меѓу претседателите на Турција и Сирија за време на претстојниот состанок на Шангајската организација за соработка.

За форматот на преговорита во Астана за решавање на ситуацијата во Сирија, Чавушоглу рече дека тоа е „единствениот преостанат процес што во моментов е во функција“.

Шефот на турската дипломатија ја истакна потребата од помирување меѓу режимот и опозицијата во Сирија за да се обезбеди нов устав и да се оди на итни избори под надзор на Обединетите нации.

„Единствено решение за иднината на земјата е политичкиот процес и тоа мора да се постигне преку помирување“, рече Чавушоглу.

Во врска со односите на Турција со Израел, министерот најави дека наредните денови Анкара ќе назначи свој амбасадор во еврејската држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул