Чадеж: Германија силно поддржува реформи на Балканот

Од:

Со конференцијата за Западен Балкан, Германија сака на државите од регионот да им испрати силна поддршка во спроведувањето неопходни реформи на патот кон полноправно членство во Европската унија, изјави денеска Марко Чадеж, претседател на Форумот Србија-Германија.

– Мислам дека германската Влада сака да стави до знаење дека со таа конференција државите кои не се членки во ЕУ може да сметаат на нејзина сила поддршка во спроведувањето реформи и модернизација на државата во нивниот пат кон полноправно членство, изјави тој за Танјуг.

Конференцијата ќе се одржи на 28 август во Берлин.

Според него, официјални лица од Берлин сакаат да „поттикнат држави кои се членки на Унијата од Западен Балкан, да им дадат неопходна помош и поддршка на тој пат“.

Чадеж потсетува дека Меркел пред еден месец во Дубровник најави дека до 2020 година целиот регион ќе добие помош од ЕУ во износ од 17 милијарди евра, и тоа како што оцени, е голема поддршка за сите држави на патот кон ЕУ.

На покана на Меркел на конференцијата ќе присуствуваат шефови на дипломатии и за економија на Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово. Во работата на конференцијата ќе учествува и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо и комесарите за проширување и енергетика, Штефан Филе и Гинтер Етингер. Се очекува учество и на високи претставници на Хрватска, Словенија, Австрија и на Франција.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија