Целосно вакцинирано 70,8 отсто од населението во Грција

Од:

Над 7.440.000 граѓани ја завршија вакцинацијата што е 70,8 проценти од општото население, односно 80 отсто од полнолетното население, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за процесот на имунизација во земјата, Темистоклеус рече дека вкупно се аплицирани 19.840.000 дози од вакцината, а за бустер дозата објасни дека од 5.825.000 граѓани кои можат да ја примат, 88,5 отсто веќе ја примиле третата доза.

Претседателката на Комисијата за имунизација Мариа Теодориду, порача дека и понатаму е силна препораката за вакцинација и со трета доза, а во однос на варијантата Омикрон, повикувајќи се на неодамнешни студии, истакна дека по заразувањето, природниот имунитет е значително помал и заштитата од реинфекција е околу 60 отсто.

Од друга страна, објасни дека лицата кои се заразиле со Алфа, Вита или Делта имаат силна заштита до 90 проценти од зараза со варијантата Омикрон.

Во изминатите 24 часа во Грција беше регистиран 20.361 нов случај на Ковид-19, од направени 125.484 тестови, а починаа 78 лица.

Од почетокот на пандемијата во земјата има вкупно 2.194.453 случаи на Ковид-19 и 24.836 починати лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент