Бушати: Лидерите на ЕУ како да заборавија на одлуката за Западен Балкан од Солунскиот самит

Од:

Носењето билатерални прашања во процесот на пристапување кон ЕУ сериозно го доведува под знак прашалник кредибилитетот на процесот на проширување за целиот регион, вели поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на бугарската блокада и сценаријата за раздвојување на преговарачките процеси на Северна Македонија и Албанија, Бушати се потсетува на дискусиите од пред две години, но и порачува дека е потребна поддршка од соседните земји членки на ЕУ.

– Иако теоретски гледано, процесот на проширување се базира на т.н. „принцип на регата“, оваа дебата беше прилично присутна пред две години, каде имаше гласови кои поддржуваа побрз процес на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Сега имаме потенцијално спротивно сценарио, одвојување на Албанија од Северна Македонија. Очекуваме да ги видиме нашите соседи кои се дел од ЕУ да бидат активни и да покажат политичка мудрост во овој процес. Носењето билатерални прашања во процесот на пристапување кон ЕУ сериозно го доведува под знак прашалник кредибилитетот на процесот на проширување за целиот регион, истакнува поранешниот шеф на албанската дипломатија.

Тој додава дека „ревизијата на методологијата за проширување треба да биде придружена со покохезивен пристап и активности од институциите на ЕУ и земјите- членки на Унијата“ и истакнува дека интеграцијата на Западен Балкан „би бил чекор кон постигнување на финализирање на ЕУ“.

За наводните нон пејпери за промените на границите, Бушати коментира дека се директна последица од застојот во процесот на проширување.

– На Самитот во Солун во 2003 година, лидерите на ЕУ ја донесоа далековидната стратешка одлука, на целиот регион да му понудат членство во Унијата. За жал, се чини дека лидерите на ЕУ го заборавија тоа. Протокот на нон пејпери без автори за прекројување на тековните граници е директна последица од фактот дека процесот на проширување е во застој, рамката за интеграција на регионот е ослабена, истакнува Бушати.

Во интервјуто тој коментира дека историјата не може одново да се напише, но може да се создаде погодна средина за надминување на билатералните спорови, а како пример за тоа го споменува Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска