Бујар Нишани нов претседател на Албанија

Од:

Албанскиот парламент денеска го избра новиот претседател на државата, Бујар Нишани (46) кој ги доби гласовите на владејачкото мнозинство.

Тој е сегашниот актуелен министер за внатрешни работи. За него гласаа 73 патеници, двајца беа против, а едно гласачко ливче беше неважечко.

Пратениците од опозициската Социјалистичка партија присуствуваа на седницата, но не гласаа. Кандидатурата на Нишани владејачкото мнозинство ја соошти денеска, откако од трката за претседател се откажа нивниот претходен кандидат, Артан Хоџа.

Бујар беше единствениот кандидат за претседател на денешното гласање. Социјалистите не го признаваат неговиот избор затоа што немаше противкандидат.

Мандатот на актуелниот претседател Бамир Топи му изминува на 28 јуни.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици