Бугарските царинарници открија и запленија 35 пиштоли и 557.000 евра

Од:

Цариниците на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција, „Капетан Андреево“при контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на граничниот премин „Капетан Андреево“ пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишниот возач, кој сам патувал од Турција за Германија.

Шверцуваното огнено оружје е запленето, а против возачот е поднесена кривична пријава. Додека на бугарско-романската граница во камион царинарниците откриле 557.000 непријавени евра. Парите би ле скриени во камионот што превезувал прехранбени артикли од Холандија во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Кај двајца тетовци пронајдени пиштоли, муниција и дрога

Уапсени се двајца скопјани кои во автомобил криеле три пиштоли

Еден починат и тројца повредени по тепачка со пиштоли и ножеви во кафеана во Батинци

А1он