Уапсени се двајца скопјани кои во автомобил криеле три пиштоли

Од:

Полицијата вчера околу 23.15 часот на улицата „Кичевска“ во Ѓорче Петров, ги уапси И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје.

Откако полицајците сопреле возило „БМВ“ управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед пронашле три парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Полицијата уапси двајца мажи за предизвикување пожари на отворено

Уапсени се 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола