Бугарскиот претседател во посета на Србија

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Србија, на покана на неговиот српски колега Томислав Николиќ.

Според планот на посетата, Плевнелиев денеска ќе се сретне со Николиќ, со претседателот на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ и со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Утре Плевнелиев ќе има средби со претставници на српските компании со кои ќе ги разгледа можносите за поголема соработка меѓу бизнисмените од двете земји, а ќе се сртене и со делегација на бугарското малцинство во Србија.

Кабинетот на Плевнелиев, како што јави БТА, соопшти дека посетата е во рамките на надворешнополитичката програма на бугарскиот престедател насочена кон регионалната соработка, подобри односи меѓу земјите од регионот и нивната евроаталнска перспектива.

Во придружба на Плевнелиев во Белград ќе престојува и шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.

Танјуг јави дека во пресрет на посетата на Плевнелиев, Вучиќ во вторникот имал средба со бугарскиот амбасадор во Белград, Ангел Димитров на која било заклучено дека престојот на претседателот на Бугарија во Србија ќе придоднесе за зајакнување на билатералните односи.

Тие оцениле дека најголеми можности за соработка меѓу Србија и Бугарија постојат во сферата на енергетиката, инфраструктурата, туризмот и културата, при што како особено значајано го истакнале привршувањето на изградбата на делот од Коридорот 10, кој „ќе придонесе за поголемо приближување меѓу Белград и Софија“.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија