Бугарскиот парламент усвои одлука за испраќање воена помош за Украина

Од:

Бугарското народно собрание ја одобри одлуката за воена и воено-техничка помош на Украина, јави дописникот на МИА од Софија.

По долга расправа и затворена седница, 148 пратеници го одобрија испраќањето на воената помош, 46 гласаа „против“, а еден беше воздржан.

Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова посочи дека нивниот став е за мир кој треба да се реши со дипломатски преговори и разговори.

Лидерот на популистичката партија „Преродба“ Костадин Костадинов рече дека прашањето за обезбедувањето бугарско оружје за Украина е принципиелно и дека ќе ги зајакне антиевропските чувства кај Бугарите, дека еден ден тие што гласале ќе мора да платат за овие одлуки.

Стојан Михалев од „Демократска Бугарија“ рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи оваа одлука. Тој рече дека ќе ја поддржат одлуката бидејќи ова оружје е вредно за нив. Тоа е малку оружје, но вака првпат Бугарија покажува дека е дел од цивилизираниот свет и чекори на картата на цивилизираниот свет.

Лидерот на Движењето за права и слободи, Мустафа Карадај, ги повика народните избраници во бугарскиот парламент да не ја користат темата за теснопартиски политички интереси, порачувајќи дека Бугарија треба да биде лојален, но и достоен член на сојузите во кои е членка – ЕУ и НАТО, зачувувајќи ги и своите национални интереси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува