Бугарски полицаец убиен на границата со Турција

Од:

Припадник на бугарската „Гранична полиција“ е застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција, во атарот на селото Голем Дервент, јави БНР, пренесе дописникот на МИА од Софија.

Граничниот полицаец починал на лице место, а војникот се повлекол и не е повреден.

На подрачјето на инцидентот веднаш биле испратени дополнителни патроли, но во близина не биле пронајдени илегални мигранти.

По инцидентот бил одржан состанок со турските гранични власти бидејќи се претпоставува дека сторителот бил на територијата на Турција.

Бугарските и турските гранични власти веднаш оствариле средба во Контакт центарот до „Капетан Андреево“, која имала за цел да се открие и приведе сторителот.

Последниве месеци во Голем Дервент се забележани зголемен број мигранти, а протокот е зголемен, поради што во целата област се засилени патролите.

На местото на несреќата веднаш замина техничкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски