Бугарски државјани шверцувале хероин во Турција

Од:

Припадници на турската Дирекција за борба против трговијата со дрога конфискуваа 32 килограми хероин во автомибил со бугарски регистерски таблички, со кој патувале двајца бугарски државјани.

Екипа од Дирекцијата во градот Аксарај по претходно добиен сигнал го запрела возиото заради проверка на патот меѓу Аксарај и Адана. Во претресот било вклучено и куче обучено за пронаоѓање на дрога.

По деталниот претрес во багажникот на автомобилот е пронајдена дрогата, која била сокриена и спакувана во 60 пакети. Вредноста на дрогата изнесува околу седум илади евра.

Двајцата бугарски државјани 53-годишниот Александар Дочев Александров и 47-годишната Емине Бекироа Алиева се приведени од турските сили.

Дрогата, според досегашните сознанија, била набавена во источните турски провинции и таа била наменета за бугарскиот пазар. Осомничените дрогата планирале да ја пренесат преку граничниот премин Капкуле – Капитан Андреево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски