Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионирање

Од:

Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи двајца руски дипломати за непожелни, пренесе националната бугарска телевизија Нова.

Двајцата дипломати имаат 72 часа да ја напуштат Бугарија, откако Министерството за надворешни работи доби писмо од обвинителството со указ за суспендирање на претходната постапка против двајцата дипломати, кои собирале информации што претставуваат државна тајна со цел да ги пренесат на странска држава или странска организација.

Сепак, предистражната постапка против руските граѓани е прекината, бидејќи тие уживаат дипломатски имунитет.

Од бугарското Министерство соопштија дека во рамки на нивните надлежности, биле превземени неопходни активности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани