Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација

Од:

Денес во станбена зона во југоисточниот бугарски град Бургас избувна пожар, при што изгореа најмалку 25 куќи, а беше наредена масовна евакуација.

Пожарот избувна околу 11:30 часот по локално време во зоната „Остриците 2“ на копно со сува вегетација и брзо се прошири, објавува порталот „Новините“, додавајќи дека системот за предупредување, и покрај сериозноста на ситуацијата, не бил активиран.

Покрај противпожарните екипи, во гаснењето учествувале и волонтери, а на местото на настанот пристигнал и градоначалникот Димитар Николов, кој рекол дека пожарникарите работат на пресекување на пристапните патишта за да спречат ширење на пожарот кон источниот дел од станбената зона.

„За жал, околу 25 куќи веќе се уништени, од кои шест или седум биле целосно населени. Полицијата активно ги евакуира луѓето од нивните имоти. Фала му на Бога, нема жртви“, рече Николов.

Според него, периметарот на пожарот постојано се поместува поради силните ветрови, што ја прави ситуацијата покомплицирана за службите за итни случаи.

Во исто време, тој апелираше до сите жители да се држат подалеку од областа до понатамошно известување.

Според порталот, евакуацијата на жителите од населбата е сè уште во тек.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува