Бугарија оди на осми избори за пет години

Од:

Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата, Илијана Јотова.

Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во оваа земја.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.

„Ќе издадам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со продолжена политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија