Бугарија и Хрватска за засилување на соработката на Балканот

Од:

Бугарија и Хравтска се залагаат за засилување на регионалната соработка во Југоисточна Европа и за продлабочување на нивното билатерално партнерство во рамките на ЕУ, заклучија денеска во Софија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и првиот човек на Хрватскиот сабор, Јосип Леко.

Како што јави БТА, Плевнелиев оцени дека членството на Хрватска во ЕУ претставува стимул за забрзување на реформите и во останатите земји од регионот со што ќе ја потврдат својата европска перспектива.

– Решавањето на отворените прашања и градењето на добрососедски односи меѓу државите од Балканот треба да бидат приоритет во интерес на заедничката иднина на Југоисточна Европа во ЕУ и во НАТО, оцени Плевнелиев.

Леко, кој престојува во посета на Софија, нагласи дека процесот на проширување на ЕУ е од стратешко значење не само за Бугарија и Хрватска, туку и за стабилноста на регионот и на цела Европа.

Плевнелиев и Леко се заложија и за создавање на Европска енергетска унија, со што спорд нив, би се намалила енергетската зависност на Југоситочна ЕВропа и би се придонело за диверзификација на изворите на енергенси, пред се на природен гас.

Бугарскиот претседател ја нагласи и потребата од обединување на државите од Југоисточна Европа во создавање на регионална енергетска берза, која ќе овзоможи слободна трговија со дистрибутерите на енергенси по конкурентни цени базирани на пазарен принцип.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии