За да се бориме против сиромаштијата во Европа, мора првин да ја запознаеме, а за тоа е потребно повеќе од броеви, пишува „Дојче Веле“.
Според статистичките податоци, сиромаштијата најмногу им се заканува на Бугарија, Романија, Шпанија и Грција. Во тие држави голема е и разликата помеѓу оние со висок и низок доход.
Првите три држави по нееднаквост се Шпанија, Летонија и Бугарија. Во глобала сиромаштијата во ЕУ загрозува 16,9 проценти од населението.
Луѓето со највисоки приходи за 20 проценти, имаат во просек пет пати повисока плата од оние во долните 20 проценти. Германија по овој критериум е близу до просекот.
Во Република Чешка разликата помеѓу високите и ниски приходи е за половина помала од Шпанија, која според тој критериум се наоѓа на дното.
Покрај тоа во Чешка најмалку луѓе се загрозени од сиромаштија.
Истовремено истражувачот за сиромаштијата, Кристоф Бутервеге, се сомнева во податоците кои ги презентира германскиот институт за стопанство.
Елена Георгиевска