БСП за Бугарија бара Борисов да се обрати во Собранието по повод потезите против Скопје, ГЕРБ не го дава

Од:

Пратеничката група БСП за Бугарија повторно побара од Националното собрание лично да го слушне премиерот Бојко Борисов на тема Република Северна Македонија и за позицијата на Бугарија за членството на нашиот сосед во Европската унија.

Премиерот Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министерот за одбрана.

Според заменик претседателот на Националното собрание, Кристијан Вигенин, владејачката партија повторно го сокрила Борисов.

Според Вигенин, откако позицијата на Бугарија е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон Македонија во врска со проширувањето“.

„Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега понатаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што се предложени од ГЕРБ“, рече Кристијан Вигенин.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов