Брнабиќ-Нехамер: Србија не верува во економски санкции кон Русија

Од:

По денешниот разговорот со австрискиот канцелар Карл Нехамер во Белград, српската премиерката Ана Брнабиќ изјави да за време на средбата порачала дека Србија е столб на мирот и стабилноста на Западен Балкан, која нема да дозволи никаква нестабилност да се прелее на овој дел на Европа, како и да не се приклучува на декларациите за воведување санкции кон Русија бидејќи не верува дека таквата политика придонесува за решавање на конфликтот, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Знам дека многумина во ЕУ се загрижени нестабилноста да не се прелее на Западен Балкан. Јасно кажав дека Србија ќе продолжи да ја игра улогата на еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан, дека ќе продолжиме да бидеме извозник на мир и стабилност и дека нема да дозволиме нестабилноста или кризата да се прелеат на овој дел од Европа, изјави Брнабиќ на прес конференцијата.

Таа го искажа ставот на Србија дека го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, и порача дека „не сака да воведе санкции кон Русија, а тоа, иако не е целосно поздравено од ЕУ и другите партнери, ниту од самата Руска Федерација, е принципиелен став на земја што помина низ агресија од 1999-те, а претходно и преку санкциите од кои најмногу настрадаа граѓаните“.

На прашањето дали се промениле односите меѓу Србија и Русија поради војната во Украина, таа изјави дека „односите меѓу двете земји традиционално се многу добри, бидејќи нè поврзува историјата, културата, традицијата, религијата, а во денешно време и некои работи како на пример енергетиката“, додавајќи дека во таа смисла, денешните односи меѓу Србија и Русија не се многу поразлични од односите на која било друга европска земја која е во голема мера зависна од рускиот гас.

Канцеларот Нехамер изјави дека Србија е геостратешки и геополитички важен партнер на Австрија и во времето без преседан и инвазијата на Украина важно е да се испрати пораката дека земјите од Западен Балкан и припаѓаат на ЕУ и Европа.

-Точно е дека загриженоста е голема затоа што Русија има големо влијание во овој регион, Кина има интерес да се позиционира, а што се однесува до безбедносната политика, обврска и интерес на членките на ЕУ да каже дека припаѓаме заедно, да најдеме решенија за проблемите кои треба да ги надминуваме, изјави Нехамер.

Кога станува збор за евроинтеграциите на Србија, Нехамер кажа дека преговорите се секогаш комплицирани, бидејќи тоа е тежок и интензивен процес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски