Брнабиќ: Мерките против коронавирусот ќе мора да се заострат

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека мерките против коронавирусот ќе мора да се заострат и информира дека денеска ќе има состанок со медицинскиот дел на Кризниот штаб, кој инсистира на тоа.

– Сигурно ќе мора да ги заостриме мерките, но ќе видиме што може да се направи и што е најпаметно да се стори, рече таа во селото Јунковац во близина на Лазаревац, каде посети пункт за вакцинација.

Брнабиќ им се заблагодари на граѓаните кои се вакцинирале и рече дека тоа е „одговорно и пред себе и пред другите“.

– Во овој момент имаме малку повеќе од 1,2 милиони вакцинирани со првата доза, а ревакцинирани се и околу 740.000 лица, така што вакцинирани се околу 21 процент од возрасната популација. Добро ни оди, имаме многу вакцини, рече Брнабиќ.

Според неа, утре во Србија ќе пристигне нова испорака на вакцини „Фајзер“, во текот на неделата нови залихи на „Спутник“, а во април се очекуваат и нови залихи на кинеските вакцини на „Синофарм“.

Би можело да ве интересира

Протести и контрапротести во Њујорк

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот