Брнабиќ: Избегнати поголеми инциденти поради одмерената акција на полицијата

Од:

Српската премиерка, Ана Брнабиќ најостро го осуди упадот на демонстрантите во зградата на РТС и упати порака дека државата нема немера во иднина да толерира насилство.

-Најостро го осудувам насилството на Сојузот за Србијаи еден дел од учесниците на протестот кои упаднаа во зградата на РТС заканувајќи им се на новинарите и уредниците на јавниот сервис, рече таа.

Овој вандалски чин на Ѓилас, Обрадовиќ, Јеремиќ јасно покажува дека уште од првиот ден планираат да предизвикаат нереди и на насилен начин да ја сменат легитимно избраната власт, рече Брнабиќ за Танјуг.

Србија е како што кажа, демократска земја во која граѓаните имаат право мирно да протестираат, но никој нема право да го демолира јавниот сервис и да ги загрозува животите на новинарите.

Таа порача дека вакво насилство нема да толерира и им се заблагодари на полцајците кои професионално и со многу промислено делување избегнале поголеми инциденти и судири.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски

Дојава за бомба во РТС