Брисел ќе го истражува однесувањето на хрватските граничари кон мигрантите

Од:

Европската комисија изрази загриженост поради наводите на невладината организација Амнести Интернешанл за „нехуманиот и деградирачки“ третман кон мигрантите на границата на Хрватска со БиХ.

Брисел очекува спроведување целосна истрага и најави организирање на своја мисија која треба да се увери дека хрватските граничари ги почитуваат основните човекови права.

„Европските закони велат дека граничарите мораат да го почитуваат човечкото достоинство. За насилство, деградирање и нехумано однесување кон мигрантите и оние кои бараат азил нема место во ЕУ, “ наведува Комисијата.

Во Брисел тврдат дека стапиле во контакт со хрватските власти по повод извештајот на Амнести Интернешанл, во кој се истакнува дека хрватската полиција во ноќта меѓу 26 и 27 мај малтретирала група мигранти на границата со БиХ. Невладината организација наведува дека 16 луѓе од Авганистан и Пакистан биле удирани со нозе, претепани, врзувани, а десетмина се здобиле со потешки повреди, вклучувајќи скршеници и повреди на главата.

„Хрватските власти се обврзаа да го истражат случајот за злоставувањата на своите надворешни граници, ќе ја следат ситуацијата и ќе ја информираат Европската комисија за постигнатиот напредок,“ додава ЕК.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ